Алжир сензационално испадна од Африканскиот куп на нации во Брегот на Слоновата Коска, откако во последното коло од групата Д загуби од Мавританија со 1:0 со голот на Делахи во 37. минута.
Алжир беше трет фаворит за титулата, веднаш зад Мароко и Сенегал, но заврши на последното место во групата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Африканскиот шампион од 2019 година ремизираше со Ангола 1:1 и Буркина Фасо 2:2 во првите две кола, а победата во последното коло против Мавританија рутински ќе ги однесеше во второто коло. Ќе им одговараше и бод бидејќи речиси сигурно ќе минеа како една од најдобрите третопласирани репрезентации, но не успеаја да освојат ниту еден бод.
Мавританија победи со голот на Делахи по одбиена топка во шеснаесетникот, Алжир напаѓаше и доминираше, но не успеа да го пробие бункерот. Мавританија, за која ова е само трет настап на Купот на нации, за прв пат ја помина групата и првпат победи некого.