„Whoscored“, портал кој според бројните статистички параметри со математичка формула го обработува учинокот на играчите, го избра најдобриот тим за септември во „петте лиги“.
На голот е Хитц од Аугзбург со оценка 7,7, а пред него во одбраната се Кимик, Монреал, Сане и Гоулам.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во редот за врска место најдоа двајца играчи од Манчестер Сити, Стерлинг со 8,3 и Де Брујне со 8,4. Тука се и Фелаини и Меси.
Голем месец е и зад напаѓачот на Сити, Агуеро кој во септември заработи просечна оценка 9,3, но тој сепак не е најдобро оценетиот играч.
Џеко, напаѓачот на Рома, доби оценка 9,4 и наградата од овој портал за најдобар фудбалер во изминатиот месец во најсилните европски лиги. За Рома постигна пет погодоци покрај асистенции, а за БиХ два погодоци против Гибралтар.
With a WhoScored rating of 9.40, having been directly involved in 6 league goals, @EdDzeko is our Serie A player of the month for September pic.twitter.com/jTlM1k62PS
— WhoScored.com (@WhoScored) October 3, 2017