Дома Фудбал Претседателот на Барселона за победата на Реал Мадрид: „Срамота…“

Претседателот на Барселона за победата на Реал Мадрид: „Срамота…“

Првиот човек на Барселона, Хуан Лапорта, ги обвини судиите дека му помогнале на Реал Мадрид со одлуките во победата од 3:2 против Алмерија.

Имено, Реал Мадрид губеше со 2:0 на домашен терен од Алмерија, но до крајот на натпреварот успеа да направи пресврт и да победи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


ВАР работеше неколку пати на овој натпревар, а гостите по мечот тврдеа дека биле ограбени од судиите.

После се, првиот човек на Барселона, Лапорта реши да проговори.

„Срамота. Она што се случи на Бернабеу е срам.

Мислам дека судискиот колектив мора да одговори на притисокот што го имаат судиите и поради кои судат многу лошо“, рече Лапорта и продолжи:

„Ако не одговорат, сите нè оставаат во лоша позиција. Мораме да разбереме дека секој си ја работи својата работа“, изјави Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл против Ман Сити за ФА Купот

Дербито во петтото коло од турнирот за Купот на Фудбалската Асоцијација на Англија ќе биде…