Голем пех за вицешампионот на Африка, селекцијата на Египет.
Фудбалерот на Ливерпул и еден од најдобрите голгетери во светот, Мохамед Салах поради повреда ќе мора да ги пропушти следните два натпревари на селекцијата на Египет на Африканскиот куп на нации.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ова го потврдија од Фудбалската федерација на оваа земја.
„Повредата на тетивата на Мо Салах значи дека тој ќе мора да пропушти два натпревари од Купот на нации на Африка против Зеленортски Острови и осминафиналето во случај на квалификации“.
Во натпреварот од второто коло на Африканскиот куп на нации, Египет ремизираше 2:2 против Гана, а првото полувреме го одбележа повредата на Мохамед Салах, кој самиот побара замена поради повреда на тетивата.
Get well soon @MoSalah ❤
— Egypt National Team (@EgyptNT_EN) January 19, 2024
Salah will miss the next two matches in the AFCON.#egyptnt pic.twitter.com/byI9IQJnJ2