Дома Трансфер зона Официјално: Севиља доби засилување од Манчестер Јунајтед

Официјално: Севиља доби засилување од Манчестер Јунајтед

На екипата на Севиља сезонава не и оди во шпанската Ла Лига и тимот се наоѓа во долниот дел на табелата.

Сега од редовите на овој клуб потврдија дека се засилиле со фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ханибал Межбри. Фудбалерот од Тунис ќе игра во Севиља како позајмен играч до крајот на сезоната, а шпанскиот тим ќе има опција да го откупи неговиот договр за 3.5 милиони евра со бонуси.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во договорот има и клазула дека Манчестер Јунајтед има право да го врати до 2026 година за оштета од 35 милиони евра.

Станува збор за фудбалер кој е производ од школата на Манчестер Јунајтед и за Севиља одигра 13 натпревари со еден постигнат гол. Изминатата сезона ја помина во Бирмингем на позајмица, а има и 27 настапи за репрезентацијата на Тунис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер почна преговори со дефанзивецот на Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…