Дома Останати Тенис Индиец на Австралија Опен дојде со 900 евра и приреди сензација

Индиец на Австралија Опен дојде со 900 евра и приреди сензација

Сумит Нагал приреди вистинска сензација на Австралија Опен откако го елиминираше 27-иот светски играч Александар Бублик со (6:4, 6:2 и 7:6).

Со пласманот во второто коло тој заработи најмалку 180.000 долари. Пред само неколку месеци во интервју за домашните медиуми порача дека во моментов има само 900 евра и не знае како преживува и како игра тенис.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Во овој момент на сметката имам само 900 евра. Индискиот олимписки комитет ми дава плата колку да можам да играм на некои турнири. Парите лесно се трошат бидејќи вложувам во себе. Чувствувам дека немам поддршка од мојата држава иако сум број еден. Единствен сум од Индија кој успеа да стигне до главната ждрепка на грен-слем турнирите, бев и единствен кој играше на Олимписките игри, но немам помош од никого“, изјави Нагал во тоа интервју.

По за него големата победа против Бублик беше емотивен.

„Ова е многу емотивно за мене. Нема да плачам иако ми се плаче, се уште и самиот не сум свесен што направив. Горд сум што стигнав до тука“, изјави Нагал.

Во овој момент тој е 137-ми на АТП листата и в о второто коло ќе се сретне со Јунчен Шанг кој е 140-ти, па така ќе има можност за уште поголем успех.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лапорта не се шегува: Барелона има план за најпосакуваниот напаѓач во Европа

Eкипата на Барселона се соочува со финансиски проблеми, но во каталонскиот гигант веруваат…