Дома Фудбал Останато Роналдо призна дека е „мамин син“: Плачев додека ја немаше…

Роналдо призна дека е „мамин син“: Плачев додека ја немаше…

Четири Златни топки, четири трофеи во Лигата на шампионите, Европското првенство.. Сешто Кристијано Роналдо во својата пребогата кариера освои, но почетоците не му биле ниту малку лесни.

„Кога имав 11 години, морав сам да заминам од Мадеира на португалското копно за да играм во Спортинг. Фудбалот ми даде се, но ме однесе од дома додека за тоа се уште не бев подготвен“, истакна Роналдо.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Беше страшно, плачев секојдневно бидејќи бев одвоен од мајката и моето семејство. Иако и натаму живеев во Португалија, се чувствував како да живеам во друга земја. Нагласокот ми е поинаков, па јазикот звучи потполно непознато, а и културата е различна. Ми беше тешко да се прилагодам“, истакна Португалецот и додаде дека семејството немало доволно пари да го посети, па тие се случувале на четири месеци.

Во Спортинг тој настапуваше до 2003. година, кога се пресели во Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед ја натера Барселона да прифати „казнена клаузула“ за Рашфорд

Барселона одлучи да го доведе Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед на едногодишна позајмиц…