Искусниот италијански напаѓач, Марио Балотели би можел да се врати во својата земја во текот на овој зимски преоден рок.
Балотели во овој момент е член на Адана Демирспор од Турција и има договор до крајот на јуни. Во договорт има клазула истиот да биде продолжен на уште една сезона, меѓутоа тоа изгледа нема да се случи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Медиумите во Италија пренесуваат дека за него има интерес од три калчолигаши: Удинезе, Салернитана и Емполи. Станвуа збор за клубови кои се во долниот дел од табелата и до крајот ги чека борба за опстанок.
Италијанскиот напаѓач има 33 години, а негов последен клуб на Апенините беше Монца, претходно го носеше дресот уште на Бреша, Лумецане, Милан и Интер.