Дома Фудбал Италија Серија А ќе го намалува бројот на клубови

Серија А ќе го намалува бројот на клубови

Клубовите кои се натпреваруваат во Серија А започнаа разговори за можно намалување на бројот на екипи во лигата.

Најдобрите италијански клубови инсистираат на намалување на конкуренцијата во првенството поради најавениот нов формат на Лигата на шампионите и Светското клупско првенство. Се плашат од дополнително пополнување на распоредот. Како аргумент го користат и тоа што германското првенство се игра со 18 клуба, два помалку од италијанскиот шампионат.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Клубовите од средината на табелата, а особено оние од долниот дел, стравуваат дека одлуката дополнително може да им ги намали шансите за останување во Серија А, но и да им нанесе финансиска штета, особено во однос на ТВ правата.

За да се донесе одлуката за намалување на бројот на клубови ќе бидат потребни 14 гласа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ули Хенес: Денес би дал и 150 милиони за Хари Кејн

Почесниот претседател на Баерн Минхен Ули Хенес како обично даде интересни изјави, овој па…