Најавата за трансфер на Иван Перишиќ во Хајдук повторно е актуелна. Хрбатот уште во јануари би можел да го напушти Тотенхем и да се пресели во татковината.
Според новинарот Аласдаир Голд од „Фудбал Лондон“, Перишиќ размислува за таков чекор. Преодниот рок во Хрватска започнува на 18-ти јануари ќе трае до 15-ти февруари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неодамна тренерот на Тотенхем Постекоглу порача дека клубот нема намера да му стои на патот на Перишиќ, но најави и дека веројатно тој веќе го одиграл последниот натпревар за Тотенхем.
Дресот на Тотенхем, Перишиќ го носеше на 50 натпревари во кои постигна еден гол и подели 14 асистенции. Во овој момент тој е на рехабилитација по операцијата од тешката повреда на предните вкрстени лигаменти на десното колено кон средината на септември 2023 година.