Дома Фудбал Останато Taжна вест: Почина човекот кој беше дел од четири светски титули на Бразил

Taжна вест: Почина човекот кој беше дел од четири светски титули на Бразил

Изминатата ноќ на 92-годишна возраст почина една од најголемите бразилски легенди, Марио Лобо Загало.

Тажната вест ја потврди неговото семејство кое се прости од својот татко, дедо, пријател и голем победник и спортист. Загало е човек кој учествуваше во дури четири од петте титули на Бразил на Мундијалите.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Во 1958 и 1962 беше во репрезентацијата на „Кариоките“ како играч, во 1970 како селектор, а во 1994 ја извршуваше функцијата на технички директор во националниот тим.

За него е познато дека не сакал да стане фудбалер туку негов сон бил да биде пилот, но поради проблемите со видот тој сон не си го исполнил, почнал да учи за сметководител, а подоцна станал професионален фудбалер откако претходно играл како хоби во локалнниот тим. На крајот во фудбалот помина цели шест децении.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Готово: Барселона договори нов голман!

Барселона е на пат да го направи следниот трансфер изненадување со потпишување на нов голм…