Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија повторно подобра од Грција

Македонија повторно подобра од Грција

Ракометната репрезентација на Македонија по втор пат ја победи селекцијата на Грција, овој пат со 29-28 (15-12).

Оваа средба беше затворена за јавноста, а нашите репрезентативци во првото полувреме имаа предност и на одмор заминаа со резултат 15:12.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во вториот дел битката беше израмнета, а стрелец на победничкиот гол е Никола Костески, тој беше прецизен од седум метри.

Ова е последен контролен меч за нашите ракометари пред стартот на Европското првенство во Германија.

Кирил Лазаров и неговите избраници на осми јануари патуваат за Дизелдорф каде ќе ги одмерат силите со Франција, четири дена подоцна е мечот со Германија, додека групната фаза ја завршуваме против Швајцарија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…