Познатиот дански ракометар Микел Хансен на 22 октомври минатата година го прослави својот 36 роденден. Токму затоа, прашањето што деновиве се поставува во данските медиуми „Дали ова е последно Европско првенство за Микел?“ е всушност нешто на кое би можело да се одговори.
Не толку децидно, одговори самиот Хансен, кој во 2022 година од Париз се врати во Алборг, каде поради психички проблеми го пропушти целиот втор дел од минатата сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Да, би можело да биде. Сè уште не сум размислувал кога ќе престанам да играм за репрезентацијата, или кога јас тоа го посакувам, а кога другите би го посакале. Сè е до тоа како се чувствувате. Ако случајно почувствувам дека повеќе не се чувствувам добро и дека не сакам да се приклучам на следната акција, тогаш ќе биде добро да кажам дека тоа е тоа“ – изјави Хансен.
Данците на претстојното ЕП се во групата „Ф“ со селекциите на Португалија, Чешка и Грција.