Легендарниот дански ракометар Микел Хансен не успеа со својата репрезентација да стигне до европското злато, меѓутоа уште еднаш го запиша своето име во историјата.
Хансен во финалето против Франција стана најдобриот стрелец во историјата на европските првенства.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во финалето против Франција, Хансен постигна девет гола и дојде до бројката од 295 голови во кариерата на континенталните собири. За еден гол зад себе Хансен го остави Никола Карабатиќ кој се израдува на титулата со Франција.
Карабатиќ во финалето ниту еднаш не шутна кон противничкиот гол. Французите во овој момент се актуелниот европски и олимписки шампиони, додека Данците се светски шампиони.