Како и што се најавуваше Горзад Михајлов ќе биде тренер на Вардар во вториот дел од сезоната и тој доаѓа на местото на Александар Васоски кој пак го наследи него во Силекс.
Ангажманот на Михајлов го потврдија црвено-црните преку социјалните мрежи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„ФК Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михајлов од денес е нов шеф на стручниот штаб на тимот. Му посакуваме среќа и успешна соработка со најтрофејниот клуб во Македонија. Добредојде во црвено црното семејство“, стои во соопштението на клубот.
Главната задача на Михајлов секако ќе биде да избори опстанок со Вардар што со оглед на ситуацијата во која се наоѓа клубот нема да биде воопшто лесно.