Колумбиецот Хамес Родригез кој е поранешен фудбалер на Реал Мадрид дел од својата кариера помина и во Катар во тимот на Ал-Рајан, а сега зборуваше за овој период и откри необични работи кои не му се допаднале.
Репрезентативецот на Колумбија во сега во едно интерју раскажа со какви необични работи се соочувал во Катар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не е лесно да се прилагодите на животот и културата која ја има Катар. Би издвоил еден пример, секаде каде што сум играл било нормално да се тушираме голи по натпреваритењ. Но, кога тоа го направив во Катар ми кажаа дека несмеам. Имаше тука и други работи. Не смеев ниту да јадам со лева рака, само со десната“, раскажа Родригез за телевизијата „Глобо“.
Покрај Реал Мадрид, Хамес во Европа го носеше дресот на Баерн Минхен, Порто, Монако, Евертон и Олимпијакос. Во овој момент настапува за Сао Паоло од Бразил.