Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски по повеќе од три години во редовите на кипарска Докса ќе ја промени средината.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шишковски на социјалните мрежи се збогуваше од својот досегашен клуб.
После 3 и пол години време е да се збогуваме. Сакам да му се заблагодарам на претседателот, на сите тренери и играчи. Ова е неверојатен клуб и град каде што бев добро прифатен од сите и ми помогнаа да растам како играч и како личност.
Фудбалот е таков и сега е време за нов предизвик во мојата кариера, но овој клуб и град ќе останат засекогаш во моето срце. Благодарам Докса“, објави Шишковски.
Засега не е познато кој клуб ќе биде наредна дестинација на македонскиот голман.