Бразилскиот 18-годишен напаѓач Витор Роке денеска пристигна во Барселона, објави клубот на својата официјална страница.
Младиот напаѓач пристигнува од Атлетико Параненсе за 40 милиони евра. Роке е означен како голем потенцијал и веќе зад себе има одлични настапи во сениорска конкуренција во Бразил. Само оваа година постигна 20 голови во сите натпреварувања, а додаде уште осум асистенции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првичниот план на Барселона со Роке беше тој да пристигне на крајот од сезоната. Барселона го договори минатото лето со цел да го има за наредната сезона, меѓутоа неефикасноста во нападот и повредите придонесоа клубот да реагира порано.
Првиот натпревар во кој Роке би можел да дебитира ќе биде против Лас Палмас на 4-ти јануари.
Vítor Roque is here. pic.twitter.com/oitUhXAIn6
— FC Barcelona (@FCBarcelona) December 27, 2023