Дома Фудбал Официјално: Легендарниот Фатих Терим по 22 години ќе работи надвор од Турција

Официјално: Легендарниот Фатих Терим по 22 години ќе работи надвор од Турција

Легендата на турскиот фудбал, Фатих Терим за првпат по 22 години ќе работи на двор од неговата земја.

Од денеска тој и официјално е нов тренер на грчкиот гигант Панатинаикос. Последен клуб надвор од Турција за Терим беше Милан и тоа во 2001 година, а потоа работеше само во Турција.

Тимот на Галатасарај го водеше на трипати, а двапати беше селектор и на Турција. Сега седнува на клупата на „зелено-белите“ од Грција.

Терим во Панатинаикос доаѓа на местото на Владимир Ивиќ кој беше отпуштен во текот на вчерашниот ден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…