Управата на Брера Струмица и капитенот Марио Врдољак одлучија спогодбено да го раскинат договорот па така овој 30 годишен фудбалер од одбраната нема да настапува за струмичкиот клуб во вториот дел од сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Врдољак во Брера пристигна дојде на стартот од ова првенствена сезона. Одигра вкупно 16 првенствени натпревари и беше еден од столбовите на одбраната на Брера.
Марио беше асистент за два гола, додека во дуелот со Струга Трим Љум во гости беше еден од стрелците во победата.