Дома Фудбал Англија Конте пред најголемиот предизвик: Стигнаа лошите вести за Мората

Конте пред најголемиот предизвик: Стигнаа лошите вести за Мората

Иако порано денес беше најавено дека Алваро Мората ќе биде подготвен веднаш по репрезентативната пауза, вечерва од Островот стигнуваат поинакви информации.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Мората би можел да паузира и до шест недели, што значи дека ќе пропушти шест важни меча.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Доколку биде во аут до средината на ноември, тоа значи дека сигурно ќе ги пропушти обата меча со Рома во ЛШ, како и дуелите со Кристал Палас, Вотфорд и Евертон во Премиер лигата, и најмалку важниот меч од Лига Купот исто така со Евертон.

Со оглед на тоа дека Мората е единствен напаѓач во кој Конте има доверба, што покажува и потегот кога наместо повредениот Шпанец во игра го воведе Вилијан, а не Бачуаи, Челси ќе биде на големи искушенија и во следниот период.

За среќа, во тимот се вратија Еден Азар, Педро и Вилијан, иако многумина сметаат дека ова е времето на Бачуаи.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…