Дома Останати Кошарка НБА Противниците не го штедат: Јокиќ и со лузни на рацете испиша нова историја во Денвер 🎥

Противниците не го штедат: Јокиќ и со лузни на рацете испиша нова историја во Денвер 🎥

Tимот на Денвер славеше со 122:117 против Бруклин во натпревар во кој Никола Јокиќ стана кошаркарот со најмногу скокови во историјата на франшизата.

Србинот веќе е и најдобар асистент, додека помеѓу стрелците се наоѓа на четвртото место. Против Бруклин за 34 минути на паркетот постигна 31 поен, со 11 скока и седум асистенции.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Покрај тоа имаше и три украдени топки и ниту една изгубен. Во овој момент Јокиќ е на 6631 скока и зад себе го остави Ден Исел со 6630 скокови.

Но, ова беше и натпревар во кој противниците не го штедеа и не бираа средства да го запрат, а за тоа сведочат и лузните по неговите раце.

Кога се поените во прашање поефикасен од него беше Џамал Мареј кој натпреварот го заврши со 32 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Торонто 121:111

Бруклин – Денвер 117:122

Хјустон – Далас 122:96

Мајами – Атланта 122:113

Голден Стејт – Вашингтон 129:118

Сакраменто – Феникс 120:105

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…