Дома Топ вести Шпанците откриваат: Чави беснеел и ги навредувал фудбалерите на Барселона во соблекувалната

Шпанците откриваат: Чави беснеел и ги навредувал фудбалерите на Барселона во соблекувалната

Барселона за викендот тешко дојде до трите бода против Алмерија (3:2). Каталонците посебно очајни беа во првото полувреме, па тренерот Чави Ернандез имал и тоа како причина да биде незадоволен.

Имено, „Мундо Депортиво“ пренесува дека Чави влегол во соблекувалната и почнал да беснее и да фрла предмети.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Шпанците ги откриваат и зборовите на Чави.

„Невозможно, невозможно е вака да играте…трчате како свињи по терен“, беснеел Чави.

Чави незадоволство од играта на својот тим искажа и на прес-конференцијата по натпреварот истакнувајќи дека не можат да победуваат ако не трчаат.

„Не можам да прифатам дека игравме на таков начин во првото полувреме, како да не бевме заинтересирани…тоа е моја вина и ви ветувам дека нема да се повтори. Секогаш сакам да видам страст од фудбалерите, ние не бевме агресивни.

Ова не е Барса од 2010 година, па да победуваме и кога не трчаме, не се освојуваат трофеи ако не се борите за секоја топка. Од трибините слушнав свирежи, нормално дека не ми се допаѓаат, меѓутоа ги разбирам луѓето“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Хит во Италија: Голман одбрани четири пенали и беше херој на својот тим (Видео)

По 120 минути игра, мечот помеѓу Пиза и Чезена заврши без голови, па победникот се решаваш…