Дома Фудбал Репрезентации Селекторот на Белгија му се заканувал на Куртоа: Ќе кажам се и тоа нема да биде добро за тебе…

Селекторот на Белгија му се заканувал на Куртоа: Ќе кажам се и тоа нема да биде добро за тебе…

Голманот на Реал Мадрид Тибо Куртоа објави дека нема да игра на Европското првенство идното лето, но и откри голем скандал во белгиската репрезентација.

Имено, во квалификацискиот натпревар против Австрија во отсуство на Кевин Де Брујн капитенската лента селекторот Тедеско му ја даде на Лукаку. Ваквата ситуација беше причина за револт кај Куртоа кој потоа го напушти кампот на репрезентацијата и не играше против Естонија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сега Куртоа откри дека тогаш дошло и до конфликт помеѓу него и селекторот.

„Не требаше да отидам, тоа донесе немир во соблекувалната и ги повреди навивачите. Меѓутоа ми беше тешко и си заминав. Вечерта се слушнав со селекторот кој ми кажа: Ако сега си заминеш, ќе излезам пред новинарите и ќе кажам се што сме зборувале и тоа нема да биде добро за тебе. Претходно никогаш не сум се соочил со такво искуство“, објави Куртоа.

Белгија на Европското првенство е во група со Романија и Словачка, а последната репрезентација ќе го пополни местото од плеј-офот во Лигата на Нации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Aтлетико има голем план: Ќе потроши 165 милиони евра за двајца Аргентинци!

Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид подготвува терен за доведување на нов централен бек, а зн…