Дома Фудбал Англија Полицијата отвори истрага поради прославата на голот на фудбалерот на Астон Вила

Полицијата отвори истрага поради прославата на голот на фудбалерот на Астон Вила

Британската полиција отвори истрага околу начинот на прослава на голот на фудбалерот на Астон Вила, Оливер Воткинс во рамките од 17-тото коло од англиската Премиер лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Астон Вила го победи Брентфорд со 2:1, а најдобриот клупски стрелец Воткинс во 85-тата минута го постигна победничкиот гол. По постигнатиот гол Воткинс дојде противничката трибина и имаше порака за некого во публиката, во тие моменти тој покажа и среден прст.

„Во разговори сме со претставниците на Брентфорд и Астон Вила и се обидуваме да дознаеме што повеќе детали околу тој случај“, порачале од полицијата.

За ситуацијата се огласи и самиот фудбалер.

„Од првата минута од трибините еден навивач ме навредуваше. Почувствував потреба да му возвратам. Реакцијата не беше наменета за никој друг, само кон него“, објасни Воткинс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шкендија добила намалување на казната за скандалот во купот!

Фудбалерите на Шкендија првите два натпревари од сезоната како домаќин ќе ги игра во Скопј…