Дома Фудбал Дали УЕФА направи грешка на ждребот? Зошто Реал не можеше да се падне со ПСВ?

Дали УЕФА направи грешка на ждребот? Зошто Реал не можеше да се падне со ПСВ?

За денешната ждрепка за ЛШ беа поставени и стандардните ограничувања на УЕФА кои велат дека клубовите од истата земја и клубовите кои сезонава веќе играле во групата не можат да се сретнат.

Сепак, навивачите останаа изненадени кога беше извлечен ПСВ Ајдохен, а на екраните се појави црвено кај Реал Мадрид, што значеше дека екипата од Холандија не можеше да игра против „кралскиот“ клуб.

Иако изгледа како грешка на УЕФА, сепак има логично објаснување. „Виновник“ за тоа е Баерн, кој единствен остана во ждрепката како неизвлечен клуб.

Во случај Реал Мадрид да се паднеше против ПСВ, тогаш Баерн би останал со два можни противници, Лајпциг или Копенхаген, со кои не може да игра бидејќи со едниот е од иста земја, а со другиот играше во групната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го торпедираше Алавес со 6-1: Рафиња и Јамал со по два гола!

Барселона постигна четири гола до паузата, а потоа ја заокружи убедливата победа над Алаве…