Дома Фудбал Останато Лоши вести за Шпанија, но одлични за Челзи – Еве кога се враќа Алваро Мората!

Лоши вести за Шпанија, но одлични за Челзи – Еве кога се враќа Алваро Мората!

Напаѓачот на Челзи, Алваро Мората, ќе ја пропушти репрезентативната пауза, но неговата повреда не е од сериозен карактер.

Да потсетиме, Шпанецот заработи повреда во дербито на колото во Премиер лигата во кое играа Челзи и Манчестер, па мораше да биде заменет после нешто повеќе од половина час игра.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Поради оваа повреда Мората ќе ги пропушти квалификациските натпревари на Шпанија против Албанија и Израел, но според последните информации од Лондон ќе биде спремен за натпреварот против Кристал Палас во рамките од осмото коло на Премиер лигата.

Натпреварот на „Селхуст Парк“ е закажан за 14 окотмври.

Иначе, Алваро Мората е најдобриот стрелец на „сините“ во досегашниот дел од Премиер лигата и во сите натпреварувања постигна седум погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познато каде Меси ја продолжува кариерата? Испливаа детали од договорот

Лионел Меси, најголемата ѕвезда на МЛС лигата и еден од најдобрите фудбалери на сите времи…