Репрезентативецот на Македонија, Енис Барди се поврзува со заминување од Трабзонспор иако тој неодамна истакна дека е среќен во Трабзон. Како следна дестинација за македонскиот фудбалер најмногу се најавуваат германските клубови.
Пред неколку дена во јавноста беше објавено дека Унион Берлин кој е предводен од хрватскиот тренер Немања Бјелица може да биде нов клуб на Барди. Но, сега во игра влегува и уште еден германски клуб.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наводно, Бохум кој во овој момент е 14-ти на табелата во најсилната германска конкуренција покажал интерес да влезе во преговори. Меѓутоа од Турција порачале дека се уште официјална понуда за Барди не добиле.
„Среќен сум во Трабзон, сакам да играм на секој натпревар што е и нормално за еден фудбалер. Имам сезона која добро ја започнав, меѓутоа потоа малку паднав, но продолжувам да се развивам и да бидам подобар“, изјави Барди.
Дресот на Трабзон, Барди го носи од 2022 година и за турскиот клуб на 38 натпревари постигна четири гола. Во кариерата претходно Барди беше дел од Леванте и Ујпешт.