Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, пренесуваат шпанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Францунот игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа, па Реал сака да си ја поправи грешката.
Милан пред неколку сезони го купи за 20 милиони евра, а Реал сега е спремен да понуди 60 милиони евра плус бонуси.
Анчелоти е во потрага по квалитетен лев бек и често на таа позиција го користи Камавинга, па Хернандес е прв на листата желби.
Милан не сака да се раздели со својата ѕвезда и нема да разгледува понуди помали од 80 милиони евра.