Дома Кошарка Не запира: Леброн и на 39 години испиша нова историја во Лејкерс

Не запира: Леброн и на 39 години испиша нова историја во Лејкерс

Првата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс очигледно не планира да застане и покрај тоа што е на залезот на четвртата деценија од животот.

Леброн не само што го одведе својот тим до полуфинале од НБА Купот, туку и во победата против Феникс постави рекорд.

„Кралот“ стана највозрасен играч кој на еден натпревар постигнал најмалку 25 поени и додал уште 10 асистенции и пет скока. Кај Лејкерс тоа им успеало само на Меџик Џонсон и Коби Брајант кој тоа го направиле во многу помлади години.

На завршниот турнир во петок наутро кој се игра во Лас Вегас, Лејкерс ќе се соочат со Њу Орлеанс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стартните 0-12 ја најавија тешката вечер: Македонија остана без победа

Македонските кошаркарки загубија од Естонија со 51-86 во Штип и го запишаа вториот пораз в…