Дома Фудбал Арсенал примаше голови, Рамсдајл се смееше на киксовите на Раја 🎥

Арсенал примаше голови, Рамсдајл се смееше на киксовите на Раја 🎥

Aрсенал вчера многу потешко од очекувањата го победи Лутон со 4:3, а навивачите на оваа средба имаа што да му забележат на голманот Давид Раја кој направи два кикса.

Но, многу поинтересна беше реакцијата на главниот конкурент на Раја во Арсенал, Арон Рамсдајл. Камерата го улови Рамсдајл како се смее по примениот гол и направениот кикс на својот колега. Подоцна кога веројатно забележа дека го снимаат, Рамсдајл стана сериозен.

Имено, Рамсдајл беше прв чувар на мрежата на Арсенал и одлично бранеше, но со доаѓањето на Раја го загуби првотимскиот статус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Митрески предлага дуел со Русија, но договорен натпревар нема

Игор Митрески сака враќање на Русија во меѓународниот фудбал и предлага пријателска средба…