Дома Останати Иванишевиќ: Ѓоковиќ се бори сам со себе

Иванишевиќ: Ѓоковиќ се бори сам со себе

Тренерот на Новак Ѓоковиќ, поранешниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ беше номиниран за наградата за најдобар тренер за 2023 година.

Хрватот објасни дека не е лесно да се работи со Ѓоковиќ, особено кога работите не му одат од рака.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Каков е Новак? Најдобро би било да го опишете како директор на корпорација. Неговите успеси го издвоија од другите, но тој зависи од профит. Како што загубите влијаат на корпорацијата, така влијаат и на него. Ако губи му паѓа вредноста на пазарот, а Новак како и секој врвен тенисер тоа тешко го поднесува“, рече Иванишевиќ.

„Лут сум му бидејќи некогаш без потреба вика на нас, но знам дека не е лесно да се справиш со пораз по загубен меч. Тој се бори сам со себе. Јасно ми е и дека не е лесно да најдеш мотивација кога ќе освоиш се, но добро е што се уште успева да најде мотив“, додаде Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Teнисер доживеа шок – доби суспензија на 20 години!

Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ITIA) соопшти дека францускиот тенисер Кв…