Вчера Манчестер Јунајтед испушти два гола предност против Галатасајар и одигра реми 3:3, а еден од главните виновници е голманот Андре Онана.
Онана ова лето пристигна на „Олд Трафорд“ од Интер за 55 милиони евра, но не ги оправдува очекувањата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Камерунаецот направи неколку големи киксови оваа сезона. Поради оваа причина тој по мечот бил предупреден од менаџерот Ерик Тен Хаг, кој му се заканил дека ако направи уште една грешка, ќе го пресели на клупата.
Втор голман на Јунајтед е турскиот чувар на мрежата Алтај Бајандер, кој се очекува да го преземе неговото место. Турскиот голман беше купен од Фенербахче за да биде втор голман, но наскоро може да го седне Онана на клупа.
🚨 NEW:
— mufcmpb (@mufcMPB) November 30, 2023
André Onana is a bit nervous going into the AFCON, that if Altay Bayindir gets his chance, Onana will not get his place back. #MUFC [@ChrisWheelerDM] pic.twitter.com/m4onIoCYbB