Бразилскиот репрезентативец, Рафиња минатото лето дојде како големо засилување во Барселона за 65 милиони евра.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Меѓутоа, шпанските медиуми информираат дека Каталонците не се задоволни од неговиот допринос и како се вклопи во тимот, па се спремни да го стават на трансфер листа.
Со заминувањето на Дембеле, Рафиња требаше да биде стартер на десната крилна позиција, но не ги оправда очекувањата.
Барселона со неговата продажба сака да обезбеди средства за купување на квалитетен играч за врска во јануари, поради повредата на Гави.
Најсилен интерес за Рафиња покажува Њукасл, кој е спремен да понуди 50 милиони евра.