Дома Фудбал Англија Прекрасен гол на Де Брујн за победа на „граѓаните“, „сините“ стравуваат за Мората! (Видео)

Прекрасен гол на Де Брујн за победа на „граѓаните“, „сините“ стравуваат за Мората! (Видео)

Дербито на седмото коло во Премиер лигата кое денес со почеток од 18:30 часот го одиграа Челзи и Манчестер Сити беше завршено со минимална победа на „граѓаните“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако минимална може да се каже дека ова беше сосема заслужена победа на гостите од Манчестер. „Граѓаните“ беа подбриот противник на теренот во текот на сите 90 минути.

Покрај поразот, навивачите на Челзи сигурно се разочарани и поради повредата на Алваро Мората кој мораше да го напушти натпреварот после само нешто повеќе од половина час игра, тоа беше веројатно и најзначајниот момент во првите 45 минути во кои Челзи имаше иницијатива но не успеа да стигне до погодокот.

Во вториот дел работите не се променија, а таквата инцијатива избраниците на Пеп Гвардиола успеаа да ја искористат во 67 минута кога Кевин Де Брујн после неколку одлични проигрувања на работ од шеснаесетникот упати удар и со преркасен гол го совлада немоќниот Куртоа.

До крајот резултатот не се промени, па погодокот на Де Брујн се покажа како одлучувачки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Норвешка го објави списокот за Мундијалот, ова е репрезентација која не смее да се потцени!

Селекторот на норвешката фудбалска репрезентација Стале Солбакен го објави списокот од 26 …