Селекторот Благоја Милевски денес одржа прес-конференција пред натпреварот против Англија кој се игра утре на Арената „Тодор Проески“
Пред последниот меч во квалификациите Милевски истакна дека нема што да загубиме и дека овој меч ќе биде одличен за да ги тестираме можностите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ние веќе направивме многу измени и во составот и во начинот на кој функционираме на самиот терен. Во циклусот во септември и ноември, со нас се нови млади играчи, сега сме во фаза на создавање на тим. Нормално е кога имате млади играчи да имате осцилации во играта со слаби и добри резултати, но овие натпревари кога играте со најдобрите во светот се шанса да ги тестирате вашите можности“, вели Милевски.
Селекторот даде коментар и за неговиот договор, кој истекува утре после мечот со Англија.
„Мојот договор истекува тогаш когаа истекува. Јас професионално работам до крај. Дали ќе останам тоа зависи од некој друг, и тоа прашање ќе треба да се постави на друга адреса“, одговори Милевски.