Репрезентацијата на Колумбија стигна до голема победа над Бразил од 2:1 во натпреварот од петтото коло од квалификациите, а херој во овој триумф беше фудбалерот кој неодамна помина низ вистинска животна драма, Луис Дијаз.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Дијаз со два гола во второто полувреме обезбеди пресврт и победа за Колумбија.
Бразилците одлично го отворија натпреварот и поведоа уште во четвртата минута со голот на Мартинели. Во второто полувреме на сцена стапи Дијаз кој вои четири минути постигна два гола за голем пресврт.
Овие два гола на Дијаз донесоа и многу емоции кај неговиот татко кој пред околу една недела беше ослободен од киднаперите кои го држеа 12 дена.
Luis Diaz’s Dad tonight ❤️ pic.twitter.com/Bbao7Qp2Tn
— The Anfield Talk (@TheAnfieldTalk) November 17, 2023