Дома Фудбал Репрезентации Џака и Шакири во тешка позиција: За да играат на ЕП треба – да го елиминираат Косово!

Џака и Шакири во тешка позиција: За да играат на ЕП треба – да го елиминираат Косово!

Швајцарците вчера пропуштија да го обезбедат пласманот на Европското првенство откако примија гол од Израел пред крајот на средбата.

Следната шанса да го потврдат пласманот на собирот на најдобрите европски селекции е да го елиминираат Косово. Сите добро знаеме каква е поврзаноста на Гранит Џака и Џердан Шаќири со оваа земја, а сега како едни од најважните фудбалери на Швајцарија ќе мораат да го елиминираат Косово.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Косово само со победа против Швајцарија може да ги задржи шансите за место на ЕП и се друго за нив значи губење на шансите.

Шаќири е роден во Косово, додека за Џака неговите родители се од таму и сигурно дека средбата ќе донесе посебни емоции.

Исто така од претходниот натпревар во овие две селекции во квалификациите во фокусот на вниманието е голот кој го постигна Косово во завршницата додека Џака скоро и да не реагираше додека фудбалерите на Косово напаѓаа покрај него.

Исто така во репрезентацијата на Швајцарија, Анди Зеќири и Уран Бислими се родени во Косово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…