Дома Фудбал Италија Доби суспензија поради обложување, но и нов договор од Јувентус

Доби суспензија поради обложување, но и нов договор од Јувентус

Младиот италијански фудбалер Николо Фаџоли беше во центарот на обложувачки скандал и неодамна доби суспензија од 7 месеци.

Клубот ќе му даде целосна поддршка на Фаџоли кој се соочи со тешки моменти поради неговата зависност од коцкање. „Старата дама“ имаше можност да му ја намали платата поради суспензијата, па и да го раскине договорот, но се случи спротивното.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имено, Фаџоли денес стави потпис на нов договор и се обврза на верност со „старата дама“ до 2028 година.

Фаџоли е еден од најголемите италијански таленти, па Јувентус верува дека ќе биде важен дел од тимот во иднина.

„Јувентус со задоволство може да потврди дека го продолжи договорот со Николо Фаџоли до 30 јуни 2028 година“, стои во соопштението на клубот од Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…