Дома Фудбал Англија Навивачите стравуваат: Кога Јунајтед последен пат бил волку лош – испаднал од Премиер лигата!

Навивачите стравуваат: Кога Јунајтед последен пат бил волку лош – испаднал од Премиер лигата!

Највозбудливиот натпревар во Лигата на шампионите вчера го одиграа Копенхаген и Манчестер Јунајтед, а данскиот тим славеше победа од 4:3.

„Црвените ѓаволи“ си дозволија да испуштат предност од 2:0 и 3:2, а во првото полувреме беше исклучен и напаѓачот Маркус Рашфорд. Но, репрезентативецот на Англија не може да биде единствен виновник за лошите изданија на тимот на Ерик Тен Хаг.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Колку лош е Манчестер Јунајтед покажува и податокот што во 17 одиграни натпревари во сите конкуренции тимот загуби девет. Тоа последен пат им се случило во сезоната 1973/74.

Тоа е сезона на која навивачите на Манчестер Јунајтед не сакаат да се сеќаваат бидејќи тогаш „црвените ѓаволи“ последен пат испаднаа од елитниот ранг на англискиот фудбал.

Малку кој верува во вакво сценарио, но дека ситуацијата е алармантна, тоа сигурно и прашање е до кога во раководството ќе имаат трпение за Ерик Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Килијан Мбапе скршил прст против Селта

Сред множеството повредени фудбалери на Реал Мадрид, Килијан Мбапе се најде со проблеми. Н…