Дома Фудбал Лига на шампиони Драма во Белград. Навивачите упаднаа на атлетската патека и повикаа брза помош

Драма во Белград. Навивачите упаднаа на атлетската патека и повикаа брза помош

ЦРВЕНА ЗВЕЗДА се прости од нокаут фазата во Лигата на шампионите по четвртиот натпревар од групната фаза.

Третиот пораз го претрпеа синоќа во Белград, каде со 2:1 беа поразени од РБ Лајпциг, кој како второпласирана од групата ќе се пласира во осминафиналето.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Тоа го обезбеди и Манчестер Сити со четвртата победа во четвртата средба и првото место во поредокот по групи.

Белградскиот тим синоќа го загуби натпреварот во одлична атмосфера што ја создаде својата навивачка група.

Од првичната кореографија, преку гласно навивање, до задржување на играчите во песна половина час по натпреварот…. Сепак, не беше сè идеално.

Пред почетокот на натпреварот неколку навивачи на Црвена звезда истрчаа на патеката за да ја повикаат итната помош.

Според некои информации ја алармирале медицинската служба затоа што некому му се слошило на трибината, според други еден од навивачите паднал во каналот до неа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Можни се три нови правила во нокаут фазата на Лигата на шампиони?

Лигата на шампиони е најсилното светско клупско фудбалско натпреварување. Европската фудба…