Дома Фудбал Лига на шампиони Неверојатни сцени на Маракана. Погледнете ги играчите на Звезда половина час по натпреварот

Неверојатни сцени на Маракана. Погледнете ги играчите на Звезда половина час по натпреварот

Фудбалерите на Црвена Звезда нема да играат во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Ова стана јасно откако беа поразени со 1:2 од РБ Лајпциг на својот стадион Рајко Митиќ во 4. коло од групата Г.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На тој начин белградскиот тим остана со еден освоен бод од четири натпревари и без шанса да ја мине групата во која заедно со германскиот тим се и Манчестер Сити и Јанг Бојс.

Од таа група на вчерашниот натпревар победија актуелниот шампион Сити и РБ Лајпциг со головите на Чави Симонс и Лоис Опенда. Единствениот гол на Звезда беше автогол на Бенџамин Хенрикс во 81. минута за намалување на резултатот на 1:2.

Фудбалерите на Звезда по натпреварот долго време останаа на стадионот.

Како што пишуваат српските медиуми, по обилниот дожд половина час биле пред делот од трибината каде беа сместени најверните навивачи. Таму беа на покана на „Делије“, кои скандираа во чест на нив.

@hotsport.rs Delije i pored poraza daju podršku igračima Zvezde! #Crvenazvezda #Delije #HotSport ♬ original sound – Hotsport / Sportske vesti
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…