Maнчестер Јунајтед се мачи во сите линии на тимот, а посебно навивачите се загриќени поради учинокот на напаѓачите.
Англиските медиуми денес пренесуваат дека во Јунајтед размислуваат како привремено решение да го доведат Габриел Барбоса, „Габигол“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Напаѓачот на Фламенго игра одлично во Бразил, меѓутоа Премиер лигата е едно друго ниво, па прашање е колку напаѓачот е спремен .
Барбоса не се снајде во Интер кој на Сантос во 2016 година му плати 30 милиони, за „нероаѕуритез“ одигра само 10 натпревари и постигна еден гол. Сепак по враќањето во татковината во Фламенго ја „оживеа“ својата кариера.
Во дресот на бразилскиот клуб постигна 139 голови и додаде 38 асистенции на 246 натпревари и повторно го привлече вниманието на европските клубои.
Останува да се види дали Јунајтед навистина ќе тргне по неговиот потпис или пак се работи за медиумска шпеулација на Островот.