Дома Останати Тенис Ѓоковиќ по титулата го „пецна“ и Надал: Јас сум искрен, не се преправам како некои други!

Ѓоковиќ по титулата го „пецна“ и Надал: Јас сум искрен, не се преправам како некои други!

Новак Ѓоковиќ вчера го освои 97. трофеј во кариерата откако го победи Григор Димитров во финалето на Мастерсот во Париз. Пред Новак сега се само Федерер со шест повеќе и Џими Конорс со 109.

Но, посебна мотивација Ѓоковиќ добил и од Рафаел Надал. Пред неколку недели Надал изјави дека Ѓоковиќ бил фрустриран ако не освои најмногу грен-слем титули.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Одам по сите рекорид, сакам да ги срушам сите, никогаш тоа не сум го криел, ниту сум имал проблем да го кажам. Не се преправав како некои други, да кажам дека тоа не е ми е целта, па да се однесувам поинаку. Секогаш се трудам да се однесувам во склад со она во што верувам“, изјави Ѓоковиќ.

Надал од друга страна се уште се опоравува од повредата и најави враќање во 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Дани Алвеш пред два месеци излезе од затвор, а сега отвори фирма

Само два месеци откако беше пуштен од затвор по казната од четири и пол години затвор за с…