Дома Македонски спорт Мак фудбал Jaнчев за скандалозниот пенал: Вакво однесување на ФФМ е срамно и жално за македонскиот фудбал!

Jaнчев за скандалозниот пенал: Вакво однесување на ФФМ е срамно и жално за македонскиот фудбал!

Бурно беше на денешниот натпревар во Кавадарци помеѓу домаќинот Тиквеш и Гостивар.

Гостивар водеше со 0:2, а Тиквеш во завршницата стигна до 2:2. Посебни реакции имаше поради пеналот од кој гостите го постигнаа вториот гол. Реакциите се и оправдани бидејќи навистина не е јасно како арбитрите оваа ситуација проценија како прекршок.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Со реакција по натпреварот се јави и градоначалникот Митко Јанчев кој и самиот влезе на теренот.

„После целиот “циркус” на фудбалскиот терен, сепак Господ е на страната на правдата. Иако имаше 2 исклучени играчи, ГФК Тиквеш 1930 го израмни резулатот на 2-2. Со ваквото однесување на ФФМ, кое е срамно и жално за македонскиот фудбал, се оди само во стечај. Иако резулатот е нерешен, ова за нас е победа против ФФМ и корумпираните судии“, објави Јанчев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…