Дома Фудбал Останато Меси призна: Сонував кариерата да ја завршам во Барселона

Меси призна: Сонував кариерата да ја завршам во Барселона

Aргентинскиот фудбалер Лионел Меси кој во понеделеникот ја освои својата осма „Златна топка“ истакна ека европскиот фудбал за него е завршена приказна.

Се шпекулираше дека Меси може да се врати во Барселона, барем на неколку месеци за време на паузата во МЛС лигата, но тоа нема да се случи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Исто така во интервјуто „Л’Eкип“ потврди дека бил блиску пред доаѓањето во Интер Мајами да потпише за Барселона.

„Можев да се вратам во Барселоан, но тоа не се случи. Кога заминував во 2021 година се случи одеднаш. Мојата прва идеја секогаш беше да се вратам дома и повторно да играм во дресот на Барселона, сонував таму да ја завршам кариерата. Но, тоа не беше можно. Затоа одлучив да потпишам за ИНтер Мајами.

Имав многу понуди, беа различни. Од Барса, други европски клубови, клубови од Саудиска Арабија…Но, со моето семејство го избравме Интер Мајами и среќни сме поради тоа. Тука се чувствуваме навистина добро, уживаме во секој ден поминат во градот. Можеме многу да направиме заедно, среќен сум за времето поминато со сопругата и децата, тие најмногу ми недостасуваа. Мајами е спектакуларен град со одлична клима“.

Прашан беше и дали за него европскиот фудбал е затворена книга.

„Мислам дека е така. Благодарен сум на Бог што имав феноменална кариера, освоив се што сонував во Европа. Со доаѓањето во САД направив еден нов чекор и верувам дека нема да се вратам во Европа. Секако, ќе ми недостасува до крајот на животот играњето во Лигата на шампионите и Ла Лига, тоа се натпревари со посебен вкус. Сепак и тука уживам многу, па не чувствувам фрустрација“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…