Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија одигра реми против Грција во Солун

Македонија одигра реми против Грција во Солун

Ракометната репрезентација на Македонија одигра реми (29:29) на гостувањето кај Грција во првиот од двата пријателски натпревари против нашиот јужен сосед кои се играат во Солун.

Македонија водеше по првото полувреме со три разлика 15:12, но во завршницата домаќините се вратија во игра и на крајот имаа и водство од 29:27.

Но со голови на Филип Кузмановски и Костески, Македонија дојде до реми. Меѓутоа, резултатот беше во втор план, а селекторот Лазаров го искористи мечот за да ги проба сите ракометари кои се на списокот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Штип УГД со пресврт ја освои Струмица и ги однесе трите бода

Шампионот загуби драматичен прв сет, но потоа ја совлада Струмица со 3:1 во третото коло о…