Реал Мадрид е силно заинтересиран во своите редови да го доведе дефанзивецот на Челзи, Рис Џејмс.
Во шпанскиот гигант го гледаат 23-годишниот Џејмс како долгорочно решение за десната бековска позиција и сакаат да го доведат на лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џејмс ги помина сите младински категории на Челзи, каде е од 2006 година и се етаблираше во еден од најдобрите десни бекови во Премеир лигата.
Англичанецот неодамна стави потпис на нов договор со „сините“, но е отворен за преселба во Реал Мадрид.
Особено ако Челзи повторно не избори пласман во ЛШ, тогаш Џејмс ќе инсистира да се пресели во Мадрид.