Црвена Звезда вчера ремизираше против Бачка Топола, а по овој пораз имало бурна реакција на „Делиите“, пренесуваат српските медиуми.
Звезда одигра 1:1 и по 12 поминати кола црвено-белите заостануваат шест бода зад најголемиот ривал Партизан. Навивачите се посебно бесни што Звезда во оваа сезона влезе како фаворит како ретко кога поради проблемите на црно-белите, но на теренот засега ситуацијата е поинакво.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите на српските медиуми, „Делиите“ вчера се симнале во соблекувалната и им држеле лекции на фудбалерите, додека за тренерот Барак Бахар ова било жолт картон.
Целта на навивачите била да ги предупредат фудбалерите и стручниот штаб дека треба да имаат многу посериозен пристап во следните натпревари.
Исто така Звезда потврди дека се одржал и кризен состанок на управниот одбор, меѓутоа одлуката била да се даде уште една шанса на тренерот Бахар.
„УО на Црвена Звезда одржа итна седница по вчерашниот натпревар и ги анализираше игрите и резултатите во последниот период. Заклучокот е дека евидентно постои криза во играта и во резултатите во последните два месеци, но и убедени сме дека тренерот Бахар и играчите со своајта работа во наредниот период ќе ги надминат овие проблеми и ќе го покажат квалитетот што несомнено го поседуваат“, објави српскиот гигант.