Џон Ван Шип пред два дена беше именуван за тренер на Ајакс, клуб кој се наоѓа во голема криза.
Холандскиот гигант е на дното на табелата со само пет бодови по осум кола, а по таквите лоши резултати очекувано тренерот Морис Стејн доби отказ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шип го чека тешка работа, но повикот од Ајакс го добил во еден од неговите најтешки моменти од животот, на денот на погребот на неговата сопруга која починала по долгата борба со ракот на дојката.
„Не беше лесно. Меѓутоа разговарав во мислите со својата сопруга и таа „од горе“ ми даде зелено светло да ја прифатам работата. Верувам дека ова е вистински избор за мене“, изјави Шип.
Во досегашната тренерска кариера тој ги водеше тимовите на Твенте, Мелбурн, Гвадалахара, Зволе и репрезентацијата на Грција.